Пановски: Ковид-19 се лечи без протокол, со премногу нeпотребни aнтибиотици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Вин Вин“ со Оливера Трајковска на ТВ Телма, гостуваше епидемиологот Никола Пановски кој зборуваше за моменталната здравствена ситуација, како и за периодот кој следи во однос на ситуцијата со Ковид-19 вирусот.

Пановски потенцираше дека Република Македонија не е една од земјите кои прилично добро се справуваат со вирусот, бидејќи најпрво македонските матични лекари препишувале лекарства кои нималку не помагале во борбата со Ковид-19, напротив го рушеле имунитетот на пациентите, што е недозволиво.

Тој вели дека доколку тој не укажел на социјалните мрежи за тој пропуст, најверојатно лечењето од вирусот ќе продолжело по ист тек, што не е воопшто во ред.

Пановски додаде дека Македонија во регионот е една од најзагрозените земји и не треба да се споредува дури ниту со најблиските соседи, бидејќи Македонија е во многу полоша ситуација од Србија, иако велиме дека Македонија има помал број на граѓани.

-Не е поимливо една земја како Србија која што за нивна среќа подобро се справуваат со коронавирусот, да имаат вакцини за своите граѓани многу порано од Република Македонија на која вакцините и се далеку понеопходни, вели Пановски.

-При лечење од корона вирусот, немаше никакви протоколи. Поради тоа беа давани и премногу антибиотици кои не беа воопшто потребни. Има многу пропусти, но за тоа треба да сносат одговорност оние кои им дозволиле на тие лица да работат. Секоја чест за сите кои се борат со оваа пандемија, но некогаш иако мислат дека помагаат, премногу одмагаат, дури и ја влошуваат ситуацијата, вели Пановски и додава:

„Здравствените работници несомнено се борат со вирусот и се онаму каде што треба, а тоа е во скафандер и на своите работни позиции, но за жал за голем број од докторите имаме докази дека лечеле на начин на кој што не знаеле дали ќе се вроди со плод или не. Тоа е недозволиво при ваква ситуација и во иднина мора да се проверуваат изворите и протоколите, пред да се реагира и да се препишуваат антибиотици на пациенти. Неконтролирањето на антибиотиците, знае да биде кобно“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This