Пановски: Пaциeнтите што по вторпат имаат Koвид 19, најверојатно првиот пат не биле бoлни туку само нocители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што во земјава се појави и третиот пациент што е заразен со коронавирусот по вторпат, откако еднаш се негативизирал, ја наметнува дилемата дали вакцината што ќе се појави, ќе биде долготрајно делотворна, со оглед на тоа што е очигледно дека некои луѓе воопшто немаат антитела, а дури и ако ги имаат не траат долг временски период.

Во кумановската болница пред месец и половина по вторпат од Ковид 19 се заразија две медицински работнички од болницата, иако веќе еднаш го прележале вирусот и се негативизирале. И 46 годишен штипјанец по вторпат е позитивен на корона. Првиот пат болеста ја поминал без симптоми и во јуни имал два негативни бриса. Меѓутоа, два месеца подоцна, тој е хоспиталиран во штипското Инфективно одделение со посериозна клиничка слика, а со вирусот се инфицирал како член на семејство кое има вработени во штипската текстилна индустрија.

Запрашан дали фактот што има пациенти кои и по прележан Ковид повторно се заразуваат, ќе значи и дека ќе треба повеќекратно да се вакцинираме на секои два месеци, директорот на ЦЈЗ Скопје, епидемиологот Александар Стојанов за „Слободен печат“ изјави дека ова е дилема која постои во целиот свет и дека прашањето е многу тешко.

– Ова е многу тешко прашање, на кое што не можам да одговорам со да или со не, затоа што тоа е дилема во цел свет. Непознаница е дали тоа повторно заразување има ист квалитет како првото заразување, дали е исто заразно како првиот пат, дали е тоа некој заостанат фрагмент и заостанат вирус што дава позитивен резултат или е навистина пациентот болен со симптоми. Може да биде носител а да не е болен човекот. Такви болести има милион. На пример некој може да е носител на салмонела две години а да не пројави болест. Првичните сознанија се дека вакцината ќе се дава на двапати. И СЗО веќе објави дека има скептицизам околу вакцината. Така што мора да ги видиме сите искуства што ќе се случуваат во светот Досега серумските испитувања што се правеа односно скринингот со серумски антитела, не дадоа задоволителен резултат. И ако некои пациенти имаат антитела им траат два до три месеца и потоа ги немаат.Значи можно е болниот да немал антитела створено па затоа пак се заразил, може да се работи и за нова инфекција но дали е нова или заостаната стара не можеме да знаеме. Како и да е, тоа се неповолни вести за правење на вакцината. Многу ќе беше полесно ако по прележаната болест се создаваат трајни антитела, вели Стојанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This