Пановски: Тpeбa дa ce вakциниpa co пoгoлeм интeнзитeт, 2.500 днeвнo ce мaлкy

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Никола Пановски, за Слободен печат вели дека е потребно наместо најавените 2.500 луѓе дневно, да се даваат вакцини на барем 5.000 луѓе дневно.

Tреба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот. Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани.

А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена, рече тој за Слободен печат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This