April 27, 2024, 12:58 am

Пановски: Heвakциниpaнитe и хpoничнo бoлнитe дa нe oдaт нa cвaдби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби. Останатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува епидемиологот Никола Пановски, по информацијата дека во Тетово, во изминатите неколку денови од свадба и семејна прослава е зголемен бројот на случаи на ковид-19.

Според Пановски, пишува Фактор, повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.

– Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири Делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири Делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат – вели Пановски.

Во моментов, во Тетовскиот Регион активни се 65 случаи, а најголем дел од нив се од два кластери создадени од прослави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This