(Видeo) Пaнoвckи: Tpeба дa cи meнтален зa дa нocиш мacка на плaнинa- Ако немаш мacка на улица, ceдни во kaфич, ќе се зapaзиш ама спacиш од kaзна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашава комисија се повикува на Франција, таму се носеле маски надвор од кога почнаа да носат маски надвор 42 илјади случаи дневно имаат. Не треба да сте стручњак, ако од мај месец имаше на плажа илјадници луѓе, протести низ цел свет, еден врз друг, тоа требаше ако се ширење надвор, требаше да има во Белград 3-4 илјади луѓе болни на ден. Болеста се шири во затворен простор, потенцираше професорот Никола Пановски во своето гостување во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс. Тој ги симна ракавиците и истакна дека треба да си ментален да носиш маска на отворено каде нема луѓе како на пример на планина. Според него долготрајното носење маска и надвор од затворена просторија ќе остави штетни последици по здравјето на луѓето, вели професорот.

-Ако некој 3 часа носи маска и после излезе во двор или го однесеме во парк, нема да има последици, али ако ја почитуваме мерката која ќе се донесе мерката тој и кога ќе излезе надвор треба да носи маска. Мене ми велат хирурзиве носат по 8 часа маска. Јас велам кога ќе носиш 8 часа маска и ќе сакаш на Водно да земеш воздух што си оперирал 8 часа ако си легалист и таму ќе носиш маска. Ќе видам што ќе стане со твоето здравје ако ти 16 часа во денот носиш маска. Мислам дека треба да е човек метален, да му фали нешто за да носи маска на планина или каде што нема никој, каде што има чист воздух. Зошто сте излегле вие надвор маска да носите? И сега што правиме ние ги тераме луѓето да седат дома или ги тераме да се пикнат во кафана каде што може да ја прошират болеста. Значи од утре натака ако видите полицаец на улица, а немате шал или марама треба да си носите марамче за да изигравате нешто. Ако немате прекривка на уста, најдете го првиот кафич и седнете внатре. Решение. Ама имало таму 100 луѓе ќе ви ја пренесат болеста, важно ќе се спасите од казна. Така да оваа болест има некои парадокси кои долго време ќе се дебатира зошто се прават, посочи Пановски.

Тој испрати апел до граѓаните да не се групираат по домовите бидејќи таму болеста најлесно и најбрзо се шири.

-Научна издржаност има никој да не дојде во вашиот дом. Значи не може да носите мерка, утре ќе се донесе, дека на Водно мора да носите маска. Јас денеска се вратив од Охрид, има некои луѓе го сфаќаат тоа буквално. Мене ми беше жал бев со велосипед накај Велестово, луѓе со маски таму немаше 10 луѓе на тој пат 5 километри, некои маска носат. ТОа е штетно, зошто става маска, таму нема никаков вирус. Вирус надвор нема. Имаше протести имаше собирања, знаете како беше Охрид корозото, плажите , па тоа требаше да биде експолизија, да не зборувам во свет, во Америка, во бугарија колку протести имаше. Завршија протестите, пројде месец два, залади луѓето влегоа внатре, експлозија секаде во цел свет, и се знае кај се шири. И сега ако вие му дозволувате во кафеана, во ресторан без маски па дозволи му и на Попова Шапка без маска. Значи мора да има логика таа мерка. Земена е некоја бројка една фамилија да може да дојде кај друга. По правило еве лично кажувам дека кога залади, а еве и летно време, со внуките, внукот, сватовите, брат ми, снаа ми исклучиво сум се гледал во двор или надвор на два метра. И сега нема да се гледам внатре, ако излезат на улица да се видиме, внатре нема да влезам кај никого, сем на медиум што ќе ме викнат и на работа и дома, не одам. И така нема да се шири. Што е со четворицата, не е битно, кажано е четворица, а никој тоа не може да го контролира, додаде тој.

Не се собирајте, заборавете ги славите и не знам какви муслимански празници. Овие 4-5 месеци заборавете бидејќи таму се шири вирусот со аеросоли и ќе има експлозија. Еднаш во 30 години требаше лидерот на СДСМ и ВМРО да кажат оваа борба ќе ја водиме заедно, а после нека се караат за економија и сето тоа. Замислете ние да имаме карантин, а да немаме леб да јадеме. Сите говорат за корона, а колку луѓе умираат од други болести бидејќи никој не им пружа помош. Луѓе со години чекаат за операции, значи има големи проблеми.

Кај нас досега имаше Закон маската да се носи на отворено кога има гужва. Тоа сега тек завчера во Бугарија го донесоа, новинарите велат во Бугарија донесоа таков закон, тој закон важи само доколку си во гужва. Во Германија има улици каде има гужва и се носи маска на отворено, во Словенија има црвени зони каде треба да се носи маска. Нашиот предлог е да се носи маска секаде. Ширењето на вирусот надвор не е нула,, но е блиску до нула. Значи ако сите носиме маски надвор некаде за 1 до 2 проценти ќе го намалиме ширењето на вирус. Наместо 500 или 600 случаи ќе имаме 6 помалку. Од прилика толку се шири надвор, а ако не носиме маска внатре како досега. Најважно е носењето на маски внатре, дали надвор ќе се носи шал, марама или не знам што друго не е битно. Таму треба да се носи кога човекот е во гужва, вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This