Панчев: Ниеден Македонец во фудбалот не ја покажа мојата класа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Панчев, еден од најдобрите фудбалери во македонската историја, пред натпреварот против Полска беше интересен за полските новинари кои направија интерјву со него, во кое тој зборуваше за повеќе теми.


Една од темите беше и споредбата со Горан Пандев, со акцент дека актуелниот репрезентативец е поуспешен од него.

„Ниеден Македонец не ја покажа мојата класа. Три години мојот трансфер беше најскап во светот, а во 1991 година го освоив второто место во борбата за Златната топка“, изјави Панчев.

Популарната „кобра“ потоа истакна дека Пандев не би играл во Интер од неговото време, поради правилото за странци.

„Во мое време само три странци можеа да играат во Италија. Замислите да е нешто слично во денешниот фудбал, колку добри фудбалери тогаш не би можеле да дојдат. Во случај на старите правила, дали Пандев би се појавил во екипата на Интер кога ја освои Лигата на шампионите? Ако сте тренер, а треба да одберете меѓу Ето, Снајдер, Милито, Жулио Цезар… би го одбрале ли Пандев?“, додаде Панчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This