ПАНЧО МИНОВ ЗАДОВОЛЕН ОД УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Уште не знаел како ќе гласа, новинарите му правеле „конструкции“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Панчо Минов на својот ФБ профи денес ретерираше од изјавата дека ќе гласал „За“ уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, давајќи објаснување дека порталот „Либертас“ и телевизијата Сител направиле „конструкција“ од неговиот одговор и го пренеле неточно


„Во врска со објавата на вестите на ТВ Сител и на порталот Либертас под наслов “И пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени” изјавувам дека на новинарско прашање дали сум задоволен од утврдените предлог Амандмани од аспект на прифаќање на моите предлози во расправата по нацрт Амандманите дадов одговор дека сум задоволен затоа што се прифатени неколку од моите предлози и тоа во Амандман 33 за промената на името во Република Северна Македонија да не се однесува на Преамбулата каде се уредува идентитетот на државата; во Амандман 34 е прифатен предлогот заедно со предлагање и од страна на други пратеници “конститутивните акти објавени во Прогласот на АСНОМ” како и мојот предлог по зборовите “Референдумот од 08.09.1991 год.” да се додаде “на кој ќе се изрази волјата за создавање на самостојна и суверена Република Македонија” што е многу важно за дефинирање на македонскиот идентитет; и во Амандманот 36 прифатен е мојот предлог “Републиката ги штити, негува и гарантира особеностите, историското и културно наследство на македонскиот народ” што значи гаранција во нормативниот дел на Уставот покрај во Преамбулата на македонскиот идентитет.

На дополнително прашање на новинарот дали ќе гласам за уставните измени одговорив дека задоволството од прифаќањето на моите предлози ќе го димензионира моето гласање по предлог Амандманите, а не како што конструира новинарот како ќе гласам.“ – вели Панчо Минов.

Сепак, според образложението на пратеникот, логичен би бил заклучокот дека ако тој е задоволен од прифатените забелешки од страна на владата, кои биле вметнати во предлог амандманите испратени до Собранието, откако претходно на координација со Зоран Заев, тој и останатите осуминна одметнати пратеници ги договараа, дека неговиот став на гласањето би бил „За“.

Четирите уставни амандмани се со мали корекции направени врз основа на забелешките од скорешната јавна расправа за нив.

Направена е промена во амандманот за Преамбулата каде што по рекациите во јавноста дека се бришат одлуките на АСНОМ, а се вметнува Прогласот кој што не е правен акт сега е најдено компромисно решение.

Во преамбулата ќе стои: “правните одлуки кои се наведени во Прогласот на АСНОМ“.

Согласно барањата на осумтемина пратеници излезени од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ направени се и дополнителни гаранции за македонскиот идентитет.

Во уставниот закон за прогласување на амандманите пак, е утврдено дека измените на Уставот ќе стапат во сила откако Грција ќе ја ратификува Спогодбата од Преспа и откако ќе го ратификува Протколот за членство на Македонија во НАТО.

Амандманите нема да произведат правно дејство доколку не се исполнат овие услови, пишува во Уставниот закон.

Собраниска процедура за амандманите во третата конечна фаза почнува на 19 декември со седница на уставната комисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This