Папата ќе го посети Скопје на 7-ми мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предвидено е папата да допатува во Македонија од Бугарија, каде ќе ги посети Софија и градот Раковски


Владата денеска информираше дека Папата Францис на 7-ми мај идната година, на покана на Македонија, за првпат ќе ја посети земјава.

Предвидено е папата да допатува во Македонија од Бугарија, каде ќе ги посети Софија и градот Раковски.

„Папата Францис, прифаќајќи ја поканата на земјава, ќе оствари апостолско патување на 7 мај 2019, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза. Другите детали од неговата посета дополнително ќе ги добиете. Претходно, папата ќе ја посети Бугарија“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This