Парада на гордоста во Хрватска, се бара вклучување на истополовите бракови во Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржа 19-та Парада на гордоста, и беше побарано да се започне процес на промена на Уставот, така што сите семејства ќе бидат еднакви во сите права и обврски, а истополовите семејства да бидат вклучени во дефиницијата за брак.

Меѓу учесниците има неколку политичари, вклучително и вицепремиерот од Независна демократска српска партија (СДСС) Борис Милошевиќ, пратеникот Домагој Хајдуковиќ, Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт и Сандра Бенчиќ од платформата „Можеме“, пренесува хрватски индекс.

Поворката, за прв пат, започна од плоштадот пред највисоките владини институции, седиштето на Владата, Собранието и Уставниот cyд, според Хина.

Учесниците носеа транспаренти, барајќи уставно загарантирана еднаквост на сите семејства.

„Без поделба на розова и сина“, „Различни луѓе имаат еднакви права“, „Уставното огpaничување од 2013 година е нeприродно“ – се дел од натписите што ги носат учесниците, заедно со традиционалните знамиња на виножитото.

Годинашниот слоган на Парадата на гордоста беше „Слобода внатре и надвор од четирите sида“, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This