ПАРАДОКС: Обама ги бомбардираше, а сега го обвинуваат Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демонстрациите и хистеријата по забраната на Трамп за влез на мигранти во САД претставуваат лицемерна политика на остатокот од администрацијата на Клинтон. На дело се двојни стандарди.

1109860310

„Пет од седум земји кои што се опфатени со уредбата на Трамп за заштита на САД од радикалните исламисти, ги бомбардираше Обама“ констатира за Спутник политичкиот аналитичар Александар Павиќ и прашува зошто во тоа време немаше демонстрации, па и од помал обем од овие што се сега против Трамп.

 

Хипокризија е на секој чекор, истакнува Павиќ, бидејќи  на секој чекор  поранешниот американски претседател Обама предизвика криза, трајни човечки последици, сто илјади загианти…но за тоа на никого не му беше грижа…

Демонстрациите и хистеријата после одлуката на Трамп, претставува лицемерна политика на остатокот на клинтоновата администрација, бидејќи администрацијата на Обама е една од клинтоновата администрација.

Америка беше многу помалку подготвена да ги прими бегалците од Блискиот исток отколку Европа.

„Трамп секако доби жежок костен во рака. Рече дека целата војна во Сирија и бегалската криза е предизвикана од страна на предходната американска администрација. И сега Трамп треба да го решава проблемот кој не е лесен“ смета Раковиќ.

Во контекст на исламскиот тероризам, кој Трамп често го споменува и го гледа како најголем непријател може да се протолкува и подигањето на ѕидот на границата со Мексико.

„Една од можните катастрофи е дека исламските терористи преку Мексико-пред се поради долгата граница која многу тешко може да се контролира- шверцуваат бомби во САД кои можат да уништат еден кварт во поголем град, а од радијацијата можат да страдаат многу луѓе“.

Многу малку е познато дека Барак Обама во 2011, воведе забрана за влез на бегалци од Ирак на шест месеци и тоа помина не забележано.

„Американските служби откриваат дека еден број терористи, припадници на Ал Каеда влегле со оние кои се вистински бегалци од Ирак.И тогаш имаше забрана за влез на мигранти и бегалци“.

Тогаш никој од либерниот естаблишмен не рече ни збор, а забраната на Трамп е привремена од 90 дена, време во кое треба да се направи ревизија, да се зајјакнат филтрите и новите правила , а тоа се е поради безбедноста на американскиот народ“- подвлекува Павиќ.

„Обама е тој кој ја поддржа и и овозможи на Саудиска Арабија да интервенира, односно да изврши агресија на Јемен и да направи најголема хуманитарна катастрофа на денешницата“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This