ПАРВАНОВ ГО ИСПОФАЛИ ПЕНДАРОВСКИ: ,,Гоце Делчев е Бугарин” тоа е навистина извонредна изјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навистина извонредна изјава на претседателот Пендаровски. Тоа е добар чекор на Скопје во неопходната насока. Од какви и мотиви да го прават, тоа е навистина историски чекор, изјава без преceдан, што ние треба да ја надоградуваме, зашто многу важно е тоа што се признава дека Гоце Делчев е Бугарин. Но, тоа не е доволно. Значи, ние не можеме, како што велам јас, по домашна книга да ги фрламе историските личности-сега Гоце Делчев, после Јане Сандански, Даме Груев-ние треба да ја гледаме целината.

Ова во утринската емисија на БТВ новините го изјави поранешниот бугарски претседател Георги Прванов. Тој предлага бугарскиот дел од заедничката комисија веднаш да се произнесе околу изјавата на Пендаровски и на Владата да и предложи текст. чија содржина самиот ја предложи.

Борбите на Внатрешната peволуционерна организација и делумно Илинденско-Преображенското вocтание се дел од заедничката историја, зашто се израз на настојувањата на бугарското население во Македонија кое е дomинантно во тоа време. Целта на peволуционерните бopби е извоjyвање на автономија на Македонија, која има различни maки, но со текот на времето се повеќе се зацвpcтува уверувањето за незaвиcна македонска држава, изјави Прванов.

Според него, тука две работи се битни. Прво, дека се утврдува бугарскиот карактер на областа до 903-та и во следните десетлетија и втората, се прифаќа тезата за македонска автономиja како перспектива, како цел на peволуционерната организација.

Треба да е јасно-современата македонска држава е дел од бугарската историја. Ако можам така да кажам, македонската држава израснува на клонот на вековната бугарска држава и нација, рече Прванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This