„ПАРЕ БУШЕ, ГДЕ БУРГИЈА НЕЧЕ“: Геровски и Родиќ за „Слободен Печат“ добија неверојатни 35 милиони денари од Владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слободен печат доби неверојатни 600-тини илјади евра, државни пари кои се доделуваат како помош за поддршка на малите и средни претпријатија. Очигледно Заев и СДСМ се задоволни од она што главниот уредник Бранко Геровски го одработи за нив во изминатиот период и решија да го наградат со вртоглава сума на пари, кои на крајот од денот не ги даваат од својот џеб. Официјално сопственик на порталот и весникот е Александар Родиќ, сопственикот на српски ,,Курир’’ и медиумски гигант во соседна Србија, како и близок пријател на Зоран Заев. Родиќ е близок пријател на Заев со кој се запозна преку неговиот најплатен советник во владата Зоран Башановиќ.

Според српските медиуми Башановиќ и Заев се запознале во Грција каде и двајцата поседуваат луксузни вили на Халкидики. Откако го продлабочиле своето партнерство според порталот Информер.рс, Башановиќ му ветил медиумска поддршка на Зоран Заев, која набрзо пристигна кога пријателот на Башановиќ, Родиќ го превзеде порталот на Геровски Слободен Печат. Според изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Башановиќ бил еден од клучните луѓе кои ја договорале промената на името на Македонија и еден од главните протагонисти на договорот со Грција.

Наоружани со сите овие информации можеме лесно да дојдеме до заклучок дека се врзуваат сите одврзани краеви од приказната за продажбата на македонското име, а сите протагонисти во трагедијата ја добиваат заслужената исплата. Многумина се чудеа дали единствената цел на тоа што Зоран Заев и го направи и прави на Македонија е доаѓањето на власт, но очигледно постои и добра парична награда. Словенечкиот медиум ,,Демокрација’’ пак пренесе информација грчкиот весник „Прото тема“ дека премиерите на Република Македонија и Република Грција, всушност биле подмитувани.

-Ципрас и Заев, прокламирани левичари, ги продадоа своите народи за пари. Според Прото тема, Македонија ќе добие 30 милијарди евра од ЕУ во форма на проекти и инвестиции (три македонски бруто-домашни производи) и Грција со неверојатни билион евра.

Очигледно во приказната апетитите на сите протагонисти полека, но сигурни се заситуваат, единствено македонскиот народ ќе остане без се. Еве неколку примери за она што парите можат да му направат на еден медиум и како што велат нашите соседи ,,Паре буше, где бургија нече’’.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This