April 20, 2024, 12:07 pm

ПАРИЗ БАРА РЕФОРМИ: Франција останува на својот став, нема датум за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изгледите за ЕУ ​​да ги отвори преговороите за проширување со Македонија и Албанија, висaт на конец, откако Франција жестоко се спротивстави двете балкански држави да станат дел од блокот, пренесува Фајненшл Тајмс.

Министрите за надворешни работи и министрите задолжени ЕУ се судрија во Луксембург во последниот обид да постигнат договор пред самитот на ЕУ оваа недела каде поголемиот дел земји-членки сакаат да го започнат пристапниот процес за Скопје и Тирана како дел од стратешката битка за Западен Балкан.

Париз тврди дека Албанија и Македонија треба да спроведат повеќе реформи пред да започнат разговорите. Исто така, параат процес за пристапување во ЕУ да биде построг и реверзибилен .

„Французите си играат со оган“, изјави дипломат на ЕУ од мнозинството, кое поддржува започнување датум за преговори со двете земји. „Ова може да ја загрози стабилноста на регионот. Тоа е многу сериозна работа “.

Дипломатите на ЕУ велат дека Париз се спротивставил Македонија да започне преговори со ЕУ, и покрај серијата на реформи кои беа спроведени за приближување до ЕУ, вклучително и промена на името, за да се стави крај на повеќедеценискиот спор со соседна Грција.

„Се надеваме дека на крајот Франција ќе ги почитува своите европски аспирации за лидерство и ќе се приклучи на консензусот на ЕУ за Македонија“, рече еден официјален претставник од друга земја-членка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This