ПАРИЗ ПОД ПОЛИЦИСКА ОПCAДА: Протестите на жолтите елеци ја блокираат цела Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето Жолти елеци за денеска планира митинзи ширум Франција и покрај националната дебата покрената од претседателот Емануел Макрон.

Денешниот марш на Жолти елеци ќе почне од пред парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на стотиците повредени припадници на Движењето.

Поради најавениот протест во Париз распоредени се околу 5.000 полицајци, посебно околу зградата на Владата и на Елисејските полиња, каде се наоѓа седиштето на францускиот претседател.

Илјадници полицајци се распоредени и во другите француски градови каде се најавени протести.

Денешните протести, десетти викенд по ред, ќе бидат тест за претседателот Макрон да види колку јавната дебата го намали бесот на Жолтите елеци.

Протестите почнаа поради зголемување на данокот за гориво, но прерасна во големо незадоволство поради економската ситуација во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This