March 29, 2024, 12:45 am

Парис бара донор на сперма, сака да биде мајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богаташката Парис Хилтон (37) неодамна ја раскина свршувачката со актерот Крис Зилко (33), а потоа се сврте кон поважни работи во животот. Таа трипати беше свршена и ниту еднаш не се омажи. Затоа, Парис одлучи да најде донор на сперма за да се обиде во улога на мајка, пишува Metro.co.

Парис ѝ е љубоморна на Ники (35), пишуваат странските медиуми, бидејќи таа и нејзиниот сопруг имаат две деца. Оттука, богатата наследничка на хотелите „Хилтон“ се јавила во агенција и е подготвена да го награди човекот што ќе се согласи со сите нејзини услови.

Парис бара донор што изгледа исклучително добро, има висок коефициент на интелигенција и добро семејство.

„Постои проблем – донорите не се милионери бидејќи на богатите не им е потребно да продаваат сперма“, вели нејзиниот пријател за Metro.co.
Сепак, Парис нема толку лесно да се откаже од своите соништа и ги прегледува листите на донори од целиот свет.

„Таа чувствува дека самохрана мајка оди добро со нејзиниот имиџ на бизнисменка, која може да стори сè и не ѝ е потребен маж за да успее“, додава пријателот.

Минатиот месец Парис и Крис се разделија, а потоа тој ја замоли да му го врати прстенот вреден 2 милиона долари. Тогаш моделот рече дека сè се случува со причина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This