Парис Хилтон бремена со близнаци во петтата деценија од животот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската ѕвезда Парис Хилтон е бремена и со вереникот Картер Рум, го очекуваат раѓањето на свето прво дете.

Картер отворено зборуваше за желбата заедно со Парис да основаат семејство, а на почетокот од годинава откри и дека неговата вереница била на вештачко оплодување.

„Постојано разговараме за плановите за венчавката и планираме имиња за нашите бебиња“ – изјави неодамна Парис Хилтон.

Таа во едно интервју откри дека се решила за вештачко оплодување бидејќи сака да се осигура да добие близнаци – момче и девојче.

Картер Рум и понуди брак на Парис Хилтон на 17 февруари, точно на денот кога Парис наполни 40 години.

“Нејзинот најнов веренички прстен има најмалку 15-20 карати и инспириран е од Ајфеловата кула. Цената на прстенот е околу 2 милиони долари“ – соопшти Кетрин Мани, која се занимава со продажба на дијамантски прстени во компанијата „Brilliant Earth“.

Инаку на Парис Хилтон ова и е четврта веридба, откако прв пат се вери во 2002 година, а потоа и во 2002, 2005 и во 2018 година. Нејзините фановци се надеваат дека овој пат конечно ќе стапи во брак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This