April 25, 2024, 12:53 am

Парите за скенирани сметки ќе ги добиете во февруари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври – декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ во февруари 2020 година, информираат од Управата за јавни приходи.

Тие информираат дека во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра.

Заклучно со 30 декември, податоците на УЈП покажуваат дека за три месеци биле скенирани 28.948.878 фискални сметки. Нивните информации покажуваат дека во второто тримесечје од МојДДВ значително пораснал износот на средства што ќе бидат вратени кај граѓаните, благодарејќи на зголемениот број на фискални смелни што се скенирани. За првото тримесечје од МојДДВ на сметките на граѓаните досега легнале околу 2,5 милиони евра.

-Информираме дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки – се наведува во соопштението на УЈП.

Од УЈП повторно ги потсетуваат граѓаните кои не добиле поврат на ДДВ, дека во апликацијата МојДДВ мора да внесат трансакциска сметка, или ако направиле грешка, да ги корегираат бројките од нивната трансакциска сметка. Откако ќе го направат овој чекор, УЈП ќе ја изврши исплатата на повратот на ДДВ и кај овие граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This