ПАРИТЕ ОД ВЕРНИЦИТЕ СИ ГИ ПРЕФРЛАЛ НА СВОЈА СМЕТКА: Охриѓанец ги крадел парите од донации на верниците во црквата Св.Ѓорѓија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Против 66-годишен охриѓанец е поднесена кривична пријава затоа што како член на црковен одбор на своја жиро сметка ги префрлал парите донирани за црквата „Свети Ѓорѓија“.

66-годишниот Г.П. се товари за кривично дело „затајување“. Тој го сторил делото во периодот од мај 2015 година до јуни 2017 година, во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани.

Парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни.

На 21.07.2017 година, кога му престанале обврските како потпретседател, парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на црковниот одбор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This