Парите од рeкeтoт се кај Заеви, Боки 13 поднесе кpивични пpијави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Боки 13 денеска во скопското обвинителство поднесе десетина кривични пријави против актуелни и поранешни функционери. Неговиот адвокат не сакаше да ги каже имињата на фунционерите, туку само делата. Станува збор за кривични пријави за измама, изнуда, злоупотреба на службена положба, давање на лажен исказ, противзаконито влијание, како и несовесно лекување. Неговиот адвокат вели дека со поднесените кривични пријави не може да се влијае врз случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

„Поднесувањето на кривичните пријави со неговиот статус во тој предмет не може да се промени. Или поинаку кажано, ако ме прашувате дали со поднесување на овие кривични пријави сака да си го олесни статусот во тие постапки одговорот е нотарно не“, рече адвокатот Сашо Дукоски.

Боки 13 со полициска придружба од затворот во Шутка беше спроведен во скопското обвинителство, каде со часови ги образложуваше пријавите. Кривичните пријави, Боки 13 ги поднесува точно една недела откако за „Рекет“ доби 9 години затвор. По изрекувањето на пресудата тој рече дека парите треба да се бараат кај Заеви. Наредната недела почнува и судењето за Меѓународниот сојуз, во кој Јовановски како претседател на Сојузот е првообвинет за перење пари и измама.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This