ПАРИТЕ СЕ НА РЕД: Првите двојазични пари со С Македонија ќе бидат 10 денарките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По промената на името на државата почнаа промените на називите на институциите, патиштата, државните фирми, се разговара за промени во учебниците, а на ред дојдоа и парите. Потоа ќе следува и промена на лични докумети.

Народна банка на Република Македонија која ќе го промени називот во Народна банка на Република „С“ Македонија веќе распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер, со апоенска вредност од 10 денари, со новото име на државата.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името , како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Согласно Преспанскиот договор, изминатата година беа отстранети и патоказните табли долж „Коридорот 10“. Автопатот „Александар Велики“ исто така беше преименуван во „Пријателство“. Исто така беше променето и името на аеродромот „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.

Минатата година беше формирана комисија, која веќе работи на ревидирање на учебниците, при што менување ќе има и во Македонија и во Грција.

Со промената, учениците, најверојатно новото име „Северна“ Македонија ќе го учат од следната училишна година која почнува во септември/октомври 2019 година.

Согласно Преспанскиот договор, Владата го усвои законот со кој се предвидува да се сменат имињата на 136 јавни и државни институции. Неколку од нив ќе го добија префиксот „северна“, а некои “национална“.

Владата е во преговори со неколку институции за промена на името, како што се МАНУ и АРМ, чии имиња се уште не се сменети.

Владата во понеделникот ја постави плочата со новото име Република „С“ Македонија пред влезот на зградата. Називот „Влада на Република СМакедонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This