Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо групирање за претстојните празници, Стефан Алексиќ направи дигитална платформа преку која на безбеден начин секој ќе може да врти пита со паричка со своето друштво или семејство.

„Сакам луѓето безбедно да ги прославуваат празниците. Чуствувам дека сме при крај со кризава ама мора да издржиме уште малку. Се надевам дека апликацијава ќе им помогне на сите оние кои не можат да седнат на заедничка маса на престојните празници“, вели тој за Радио МОФ.

Алексиќ посочи дека нема ограничен број на учесници во делење на питата, но досега ја тестирал најмногу до 40 корисници. Ја направил при учење на нова технологија, па ова му дошло како проект за учење.

Платформата фунционира на тој начин што се внесуваат имињата на луѓето со кои сакате да ја поделите виртуелната пита, по што се извлекува дел.

Извор – Радио МОФ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This