Пари нeмa, економијата е во koлaпc – сите заедно ќе го jaдeмe cтaпoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Македонија се соочува со историски најголем пад во индустриското производство од -12.7%, а македонската економија со долг кој надмина 60% од БДП – повторно историски најголем долг од независноста на државата – светските рејтинг агенции прогнозираат голема глобална рецесија.

Пандемијата на КОВИД-19 ја сруши глобалната економија. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува оваа година глобалниот бруто општествениот производ да падне за 4.9%, Светската Банка (СБ) предвидува пад од 5.2%, а Организацијата за економска соработка (ОЕЦД) сметда дека падот ќе биде максимални 6%.

Книговодствената комора на Русија пак во прогнозата за светскиот БДП за 2020-2021. наведува дека до крајот на оваа година рецесијата во глобалната економија ќе биде најдлабока во последните 80 години.

Во извештајот на комората се наведува дека изгледите за глобалната економија се и понатаму неизвесни поради континуираната ситуација со коронавирусот. Во вториот квартал финансиските институции почнаа да ги влошуваат своите прогнози не само за 2020. година, туку и за наредната.

Меѓународен монетарен фонд

Меѓународниот монетарен фонд веќе предвидува пад на глобалниот БДП за 4.9% во 2020 година, иако во претходната прогноза таа цифра изнезуваше само 3 проценти. Во последната криза во 2009. година која го зафати целиот свет, падот изнесуваше 2.1%.

Прогнозите на ММФ за следната година, исто така не се оптимистички. Предвидуваат раст на БДП за 5.4%. Така на крајот на 2021. година глобалниот БДП ќе биде 6.5% помал од очекуваниот во јануари. Двете прогнози не подразбираат ограничувања од големи размери (полициски часови) поради втор-трет-итн. бранови на коронавирус. Бројни држави веќе се враќаат на карантин – повторно е воведена вонредна состојба во Чешка, Шпанија, Велика Британија, а Германија се подготвува за општо „заклучување“ на земјата.

Светска Банка

Светската Банка неодамна ја поправи прогнозата за цената на нафтата за следната година, од 38 долари на 44 долари за барел. Светската банка очекува дека до 2021. година екомската активност ов светот ќе се врати на ниво од пред пандемијата.

Светската банка, слично на ММФ, ова лето ја ажурираше својата официјална прогноза за изгледите на светската економија за следната година. По неа се очекува раст на глобалниот БДП од 4.2% (по пад од 5.2% во 2020. година). Интересно е тоа што во својата претходна прогноза Светската банка анализираше дека растот ќе биде двојно помал, односно 2.6%.

Главниот економист на Светската банка Кармен Рејнхарт на светската економија и дава пет години да се опорави од кризата предизвикана од пандемијата.
„Можен е брз скок по сите рестриктивни мерки поврзани со карантинот, но целосно опоравување ќе биде возможно за пет години“, пренесува „Ројтерс“.

Светската банка очекува и пораст на сиромаштијата поради пандемијата.

„До 60 милиони луѓе ќе бидат сиромашни, што ќе ги поништи напорите во борбата против сиромаштијата во последните три години. Семејствата ги губат саканите, милиони работни места се загубени, здравствените системи се под голем притисок“, вели претседателот на светската банка Давид Малпас.

Рејтин агенција „Фич“

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ признава дека економскиот раст во следната година ќе го надохнади овогодинешниот пад. Глобалниот БДП ќе порасне за 5.2%.

Русија и Соединетите Американски Држави нема да ги надминат последиците од кризата до крајот на 2021. година. По ова прашање само Кина има среќа, бидејќи во 2021. година стапката на раст на кинеската економија ќе се зголеми за 7.7%.

Во САД, БДП ќе расте за 4% (откако оваа година падна за 4.6%), во Русија економијата ќе порасне за 3.6% (откако оваа година падна за 4.9%).

Организација за економска соработка (ОЕЦД)

„Светската економија ќе загуби седум билиони долари до крајот на следната година поради пандемијата со КОВИД-19“, вели главниот економист на ОЕЦД Лоранс Бун за весникот „Ехос“.

ОЕЦД предвидува раст на глобалниот БДП од 5.2% во 2021. година, но само во отсуство на друг бран од коронавирус. Ако земјите продолжат да воведуваат ограничиувања, светската економија ќе порасни за само 2.8%.


Македонија

Македонија се соочува со најголем пад на БДП, но и најголем пад на индустриското производство од досега невидени -12.7%.

Економијата на земјава во текот на оваа година ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, по што во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП од 5,5 проценти. Ова се вели во најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со новото предвидување се ревидира прогнозата од април годинава, кога Фондот предвидуваше пад на македонскиот БДП за 2020 од четири отсто. Според ММФ, тенденцијата на раст на економијата во земјава ќе продолжи и во следните години и во 2025 година ќе изнесува 3,5 проценти. – пренесува „Дојче Веле“.

Освен макроекономските индикатори, можеби позагрижувачки се социјалните. Оваа година стапката на сиромаштија е драстично зголемена – за речиси 4% – а сега бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија изнесува неверојатни 400.000 луѓе.

За во 2025 година ММФ прогнозира дека најголем економски раст меѓу земјите од регионот ќе имаат Косово и Србија од четири проценти, пред Северна Македонија, БиХ, Романија и Турција со по 3,5 отсто, Албанија 3,4, Хрватска и Црна Гора по три, Бугарија 2,9, Словенија 2,3 и Грција раст од само еден процент – пренесува „Дојче Веле“.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This