ПАРТИИТЕ ГИ ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ:Климовски, Каракамишева, Силјановска, Славевски и Ставревски, кандидати за фаворит на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорите Саво Климовски, Тања Каракамишева, Гордана Силјановска и Трајко Славевски, како и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски се кандидатите меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира својот фаворит за претседателските избори, неофицијално дознава МКД.МК од партиски избори.

Со цел да се провери рејтингот на овие петмина кандидати, партијата, според нашите информации, деновиве спроведува анкета за да се види расположението на гласачите.

Претходно, пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори во Македонија.

Огласот, како, што рече Мицкоски, ќе трае десетина дена, по што кандидатите ќе го дадат нивното образложение за визијата за иден претседател на Република Македонија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани.

Финалниот кандидат за претседателските избори ќе се знае на Конвенцијата за претставувањето на кандидатите, која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This