ПАРТИИТЕ ПОДГОТВЕНИ: Од понеделник почнува изборната кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денот на распишување на изборите сè до почетокот на изборната кампања радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање

 download

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани за 11 декември, оваа година ќе започне на 21 ноември, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите сè до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.

„Од денот на распишување на изборите сè до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“, се истакнува во соопштението на ДИК.

За прекршителите на овие одредби, Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци е определена во член 181 и 182 од Изборниот законик.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This