Партиите ја вжештуваат кампањата на десет дена пред изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и koрупцијата.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи.

СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Крива Паланка и Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, Илинден, Центар и Кисела Вода.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на градовите: Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, додека Левица ќе биде во Гевгелија, а Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во Прилеп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This