ПАРТИСКАТА КНИШКА ЌЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД ЛИЧНА КАРТА: Погледнете сами како пратеникот од СДС убедува луѓе да извадат членска книшка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ влегува во четвртата недела од владеењето во духот на канибалската политика што ја промовира Заев. Заев, кој се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, вети дека кога ќе дојде на власт ќе ги смени сите, од директор до чистачка, и на нивното место ќе донесе свои партиски луѓе.

Денеска, пратеникот Курто Дудуш објаснува што значи тоа за обичниот човек, во секојдневниот живот. На оваа скандалозна видеоснимка ќе слушнете како социјалдемократите смислиле да ги решаваат проблемите.

На средба со граѓани, Дудуш објаснува зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ.

–Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This