ПАРТИСКА ВОЈСКА НА ДРЖАВЕН ТРОШОК: Ова се партиските војници на СДС платени со парите на народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Петре Шилегов направија дополнителна партизација со назначувањето на 139 членови на СДСМ и на Шарената револуција на управните, надзорните и училишните одбори на територијата на град Скопје. Ова се само дел од нивните партиски активисти.

“Ќе ја направиме администрацијата професионална на еден транспарентен и отворен начин. Ќе вработиме професионалци кои си ја знаат работата“ . Вака и на овој начин Зоран Заев ги лажеше граѓаните на Република Македонија во предизборниот митинг.

Не само што вработуваше партиски членови на СДСМ во државната администрација, туку истото тоа го продолжи и во локалната администрација. Јавноста веќе го знае примерот кога само во Владата се вработени речиси 120 нововработени лица кои се задолжени само за една работа – за вршење пропаганда што е еден вид на рекорд во досегашната историја.

Тука се и вработувањата речиси во сите инстутции на поети, комедијанти, кадри на Шарената платеничка револуција како и истакнати членови на СДСМ. Но ова е само дел од таквата масовна партизација за која ниту една невладина организација и ниту еден граѓански активист не сака да каже збор во врска со оваа тема.

Зоран Заев и Петре Шилегов направија дополнителна партизација со назначувањето на 139 членови на СДСМ и на Шарената револуција на управните, надзорните и училишните одбори на територијата на град Скопје. Ова се само дел од нивните партиски активисти.

Ацо Спасовски е во училишниот одбор на СУГС “Орце Николов“. Од она што може да се забележи е дека тој е голем фан на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

– Гордана Лазовска е во училишниот одбор на СУГС “Васил Антевски Дрен“. Познато е дека таа е една од најистакнатите членови на наставничкиот пленум. Главна беше во држењето на говорите пред министерството за образование и наука во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

– Зорка Попова е најистакнат член на СДСМ и мометално дел од училишниот одбор на СУГС Гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин“. Таа е во друштво на сегашниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски, но воедно е и еден од делегатите на СДСМ.

– Марија Скуманова член на ДОМ и дел од училишниот одбор на СУГС “Михајло Пупин“Скопје

– Радојко Цветановски е моментално член на училишниот одбор на СУГС “Лазар Танев“-Скопје, но и е член на НСДП каде што бил кандидат за член на советот на Општина Центар.

– Ели Манчевска е партиски кадар на СДСМ и е вдомена во надзорниот одбор на ЈУ “Зоолошка градина на Град Скопје“. Од она што може да се забележи е дека постојано ги промовира политиките на Шилегов.

– Влатко Васиљ сега моментално е вработен во Град Скопје во кабинетот на Шилегов. Претходно беше вработен во Влада, но како што се прошири муабетот во јавноста за “поголеми“ пари заминал во Град Скопје. Бидејќи платата што ќе ја зема во Град Скопје е мала, тој дополнително е назначен и во управниот одбор на ЈУ “Културно информативен центар. Васиљ дополнително е еден од најголемите партиски подржувачи на СДСМ и голем промотор на нивните политики. Со години бесрамно и безмислосно ја лажеше македонската јавност дека е независен, но полека, полека се излегува на виделина.

– Даниела Настова Пиштолова е партиски член и дел од форумот на жени на СДСМ. Таа е вдомена во надзорниот одбор ЈУ „Конгресен центар – Александар Македонски“ – Скопје. Од она што може да се забележи е дека има држено прес-конференции на тема починати бебиња. Ја прашуваме Пиштолова каде беше да држи прес-конференција кога починаа над 100 бебиња во време на СДСМ или поважно е сега да си зема парите на граѓаните на Република Македонија?

– Љупчо Пасковски исто како и неговата партиска колешка е вдомен во управниот одбор на ЈУ „Конгресен центар – Александар Македонски“ – Скопје. Интересно за овој партиски кадар на СДСМ е што на локалните избори во 2009-та година бил кандидат на СДСМ во Чаир.

– Марко Тодоров уште еден партиски член. Вдомен е во ЈУ “Младински културен центар и од неодамна промотор на политиките на Град Скопје околу загадувањето.

– Љубица Панова дел од низата на СДСМ. Дел е од управниот одбор на ЈП “Водовод и канализација”- Скопје. Како стигнала да биде дел од ова тело никој не знае ама затоа е голем подржувач на политиките на СДСМ.


– Марија Антова е дел од кабинетот на Петре Шилегов и исто како Васиљ поради “ниската“ плата е вдомена и во управниот одбор на ЈП “Водовод и канализација”- Скопје

Ова е уште еден доказ за брутална партизација на локалната власт. Кога Заев зборуваше за професионализација, стручност и компетентност дали мислеше на ова? Дали кога Заев зборуваше за живот мислеше за животот само на неговите партиски кадри?

Очигледно, животот во Македонија дојде, но само за партиските војници и послушници на СДСМ и на Шарената револуција.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This