ПАРТИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА МЕЧКИН КАМЕН: Потпретседателите и ген.секот на ВМРО-ДПМНЕ пречекани со оваци во Крушево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ денес присуствуваше на одбележувањето на големиот празник Илинден во Крушево на Мечкин Камен.

Делегацијата ја предводеше партискиот генерален секретар Игор Јанушев кој беше придружуван од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, Александар Николоски и Митко Јанчев.

Преку социјалните мрежи сите го честита денешниот празник.

-Нека ни е честит Илинден и нека ни е вечна татковината!, напиша Јанушев на Фејсбук.

-За многу години ИЛИНДЕН !!! Никогаш да не се заборават македонските идеали и секој што дал и дава допринос за нашата Република Македонија !!, стои во статусот на Мисајловски.

-Денес е голем ден за македонската историја. Денес го одбележуваме 2 ри Август – Денот на Републиката и 115 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. На денешен ден во срцата на македонскиот народ е разгорена желбата за слобода и независност. Пред 74 години, преку АСНОМ е ставен темелот на македонската државност која ни е водилка до ден денес. Денес се сеќаваме на сите херои кои ги дадоа своите животи за слободата и за Република Македонија. Вечно да го славиме овој ден. За многу години. Честит празник, пишува Јанчев на Фејсбук.

Со извадок од неговата колумна посветена на Илинден денешниот празник го честиташе и Николоски.

-Востанието беше и против грчкиот терор .Затоа мора да се потенцира фактот дека Илинденското востание колку што било против Отоманската империја многу повеќе било против грчкиот терор. Н е случајно востанието било најмасовно во Егејска Македонија и траело од 2ри Август до крајот на Октомври. Во истото била организирана локална власт по примерот на Крушевската Република, истата траела многу подолго од Крушевската Република. Целиот народ бил на нозе, четите броеле преку 500- 600 луѓе секоја, се држеле слободни неколку градови и сите села во Костурско, Леринско, Воденско. Најактивен во сузбивањето на Востанието е токму Владиката Каравангелис кој преку свои луѓе организира да му се отсече главата на Лазар поп Трајков еден од апостолите на востанието во овој дел од Македонија. Во октовмри 1903 кога било јасно дека востанието ќе биде задушено војводата Васил Чакаларов ги собира востаниците на планината Вичо, истата планина на која четириесетина години подоцна синовите и внуците на востаниците ќе се борат за човечки правдини во рамки на граѓанската војна во Грција и за жал никогаш нема да ги добијат туку ќе бидат протерана и иселени од своите огништа. Таму на Вичо Чакаларов им вели : “ Сега е се завршено, сепак докажавме чија е Македонија и дали ние Македонците заслужуваме слобода, за која умиравме, умираме и ќе умираме. Одете си по своите домови,ве распуштам, горе главите!“., пишува Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This