ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМ: Министерството за администрација вработува уметници како компјутерџии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гимназија, стручно, а може и уметничко – битно е да се има диплома за средно школо.

Ова се барањата во најновиот оглас на Министерството за администрација кое вработува 14 компјутерски техничари. Не е потребно ни работно искуство, но затоа во објавата е наведено дека од примените 1 ќе биде Македонец, 2 Турци, 2 Роми и 9 Албанци.

„Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање“ се наведува во огласот кој е последен во низа за отворени позиции во јавниот сектор.

Само овој месец над десетици државни институции имаат објавено огласи за вработување и на определено и на неопределено. Во време на распишан референдум се нудат позиции на советници, соработници, помлади соработници, раководители за солидни плати.

На листата вработувачи се Државниот архив; Министерствата за одбрана, за образование, за здравство, за земјоделство; Општина Центар; Општина Прилеп; УХМР; Македонска навигација; ТЕЦ Неготино; Дирекцијата за заштита и спасување; Македонската радио телевизија; новото скопско јавно претпријатие Градски енергетски системи; Зоолошката градина…

Дел од огласите се и со навистина специфични барања кои се несоодветни за позициите. Така, Централниот регистар, кој инаку ги обединува податоците за сите фирми и организации, меѓу другото вработува книжевник, географ и експерт по одбрана, а платите што ги нуди достигнуваат и 53 илјади денари.

Само од почетокот на годинава се распишани огласи за вработување на над четири илјади луѓе, поголем дел на определено а помал на неопределено.

Власта ангажира луѓе и со договори на дело. Пред 10 дена генералниот секретаријат склучи годишен договор тежок половина милион евра со Агенцијата за интелектуална сопственост „Артпицк“ преку која ќе префрла пари по разни основи. Нема ограничување на бројот на луѓе што ќе бидат ангажирани и ќе земат дел од колачот, а поединечните исплати ќе се прават по потреба.

Истовремено и повеќе државни органи и јавни претпријатија склучуваат договори со агенции за привремени вработувања за ангажирање дополнителни кадри. За оваа намена Кисела Вода ќе потроши 300 илјади евра, Град Скопје речиси 70 илјади, Министерството за одбрана 100 илјади, а Комунална хигиена дури 1.8 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This