Партијата на Каракачанов се финансирала од продажба на бугарски државјанства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот извор на пари за бугарското ВМРО е услугата за продажба на бугарско државјанство на Македонци преку две компании за превод и легализација. ВМРО има политичка одговорност како и нејзиниот лидер и актуелен заменик премиер Красимир Каракачанов кој треба да сноси лична политичка одговорност и дада поднесе оставка, вели Велизар Енчев, бугарски дипломат и новинар во врска со скандалот и апсењата во Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ).

Енчев тврди дека за еден бугарски пасош биле земани од 550 до 1.500 евра, а за сертификат за бугарско потелко – цената достигнувала и до 5.000 евра.
За ова предупредила директорката на Директоратот за бугарско државјанство во Министерството за правда, Матева која сигнализирала до јавниот обвинител дека корумпирани претставници на бугарските власти се занимаваат со продажба на бугарско државјанство, вели Енчев во интервју за bTV.
Според Матева, „главен извор на пари за партијата е услугата за продажба на бугарско државјанство на Македонци“, а во тоа се вмешани две фирми за преводи и адвокатска фирма.
Во март 2018 год. Француското издание Le Nouvel Observateur пишува за случајот а во написот се вели дека “вицепремиер и најмалку еден министер се вклучени во трговијата со пасоши“. Кандидатите немале никаков бугарски корен. Поништени биле околу 60 државјанства, откако со помош на Интерпол стана јасно дека станува збор за луѓе со криминално досие. Тоа е еден опасен трговија, благодарение на што терористи може да добијат европски пасош“, вели Матева за францускиот весник.

Специјализирани адвокати во Софија издавале документи за државјанства на 100 до 200 луѓе на ден за износи од 500 до 3.000 евра“ напиша во таа прилика Le Nouvel Observateur.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This