ПАРТНЕРИТЕ ВО АЛИЈАНСАТА СЕ СКАРАА: Села тврди дека Арбен Таравари е класичен манипулатор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села испрати отровна стрела кон Арбен Таравари, критикувајќи ја одлуката на министерот за здравство и кандидат за градоначалник на Гостивар да земе одмор за време на кампањата за претстојните локални избори.

„Министрите, пратениците и другите одат на колективен одмор и тој не може да земе годишен одмор кога сака. Тоа е манипулација, класична манипулација“, изјави лидерот на Алијансата за Албанците во дебата на ТВ 21.

Кога неговиот сопартиец ја објави својата градоначалничка кандидатура најави дека во текот на изборната кампања ќе земе одмор од две недели и притоа додаде дека нема да поднесе оставка на министерската функција до епилогот на изборите закажани за 15 октомври.

Зоран Заев во врска со кандидатурата на членот на својот владин кабинет во средината на септември рече дека ако Таравари не победи на локалните избори во Гостивар, тој ќе го врати во Владата на министерската позиција.

Првиот човек на Министерството за здравство, пак, претходно најави дека во случај на сопствен неуспех на изборите во својот роден град ќе се повлече од политиката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This