ПАСОШИТЕ И ЛИЧНИТЕ КАРТИ НА „СЕВЕРНА“ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Првите лични карти и пасоши на Република Северна Македонија се очекува да почнат да се употребуваат до крајот на годината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите лични карти и пасоши на Република Северна Македонија се очекува да почнат да се употребуваат до крајот на годината.

Граѓаните што ги загубиле или на кои им истекува важноста на документите и допрва треба да аплицираат за нови не треба да имаат дилема – документите сè уште ќе им бидат издавани само со Република Македонија во следните месеци, велат неофицијално службени лица од МВР. Процените се дека утврдувањето на изгледот на новите документи и усогласувањето со законската регулатива пред да се направи набавка е процес што се очекува да заврши до октомври-ноември. Од МВР велат дека додека трае постапката, документите ќе се издаваат во согласност со постојните закони.

По објавувањето во ‘Службен весник’ на одлуката за стапување во сила на името Република Северна Македонија, ќе се сменат законите и подзаконските акти што ги регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните. Потоа, во согласност со законските одредби, ќе биде спроведена јавна набавка и ќе бидат набавени обрасците за новите лични документи. До тогаш граѓаните непречено може да ги користат постојните лични документи. За каква било промена граѓаните ќе бидат навреме информирани“, соопштија од МВР.

Промената на документите во согласност со договорот од Преспа треба да се направи во следните пет години. Првите табли со новото име на државата се очекува да бидат поставени на граничните премини, а од Владата денеска беа отстранети буквите на зградата од натписот Влада на Република Македонија со образложение дека утре ќе се одржува свечена церемонија на која ќе се постави знамето на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This