ПАТАРИНИТЕ МОРАЛО ДА ПОСКАПАТ: Македонските патарини биле најевтини во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани и фирми плаќаат најевтини патарини, а ако сакаат да заштедат, нека користат бесконтактни смарт картици. Заштедата за граѓаните би била два отсто, а за фирмите до седум. Или во пари, граѓаните ако три пати отидат од Скопје до Штип и се вратат, вкупната заштеда би била нешто под 20 денари. За големите превозни компании, заштедата би била поголема, пренесува Алсат.

„И на годишно ниво ќе имаат сериозни заштеди и со тоа сакаме ем да им помогнеме, а и да го мотивираме електронското користење на услугите за побрз проток на сообраќај и да нема застој и не гледам тука нешто што не е во корист на граѓаните“, рече Зоран Китанов, директор на ЈП за Државни патишта.

За Китанов стандард е на секои 40 километри да има патарини. Спомена дека со инвестирањето во техника за новиот систем за контрола на патиштата, ако се донесе одлука од Владата, во секој момент може да се смени наплатата базирана на отворен тип, односно на патарини на самите автопатишта, во системот фри флот.

„Тоа е камери поставено по цела држава и таму се наплаќа и регионален и магистрален и експресен и автопат по различен ценовник нормално и сега го воведе Словенија и сме во тек со тоа. Нашиот систем софтверски е подготвен ако сакаме за две, три, пет години дојдеме до тоа, да премине во фри флот“, додава Китанов.

Инаку, цената на патарините која беше објавена вчера предизвика лавина од реакции во јавноста. Сепак, денеска Китанов истакна дека во корист на граѓаните е што е намалена цената за мотоциклите и за странците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This