ПАТЕТИЧНИ ОБИДИ НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА ЗАЕВ: Откако го избришаа видеото од „ЈуТјуб“, ТВ24 се обиде да го оправда срамниот настап на Алаѓозовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видеото од вчерашното гостување на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска на кратко беше тргнато од Youtube, но под притисок на јавноста повторно е објавено.

Во вчерашната емисија, освен Канческа-Милевска, гостин беше и новиот министер Роберт Алаѓозовски од СДСМ. Канческа-Милевска беше супериорна во дебатата, а настапот на Алаѓозовски докажа дека е некадарен и површен.

Во текот на целата емисија Алаѓозовски одговараше само со навреди, додека Канческа ги извади фактите на виделина. Неумешноста на Алаѓозовски да се справи со фактите кои Канческа ги приложи за време на дебатата само го направија неприметлив во однос на неа.

Поранешната министерка напомена дека се работи за два различни концепта меѓу оваа и минатата влада. Според нејзините зборови, ВМРО-ДПМНЕ имаше еден концепт на програма, со проекти јасно презентерани, што и во кој период ќе се реализира, а дел од нив беа и во проектот Скопје 2014.

-Во делот на проектот Скопје 2014, бидејќи во изминатиот период многу самиот проект и терминолошки, несоодветно се третира, така да јас еве од оваа страна како Министерство за култура, тоа може да го види и колегата Алоѓозовски. Министерството за култура во овој проект се јавува како инвеститор на неколку проекти, кои што проекти се наоѓаат во програмата на Владата. Ние треба да говориме и добро е да говориме дека имаме два различни концепти, од една страна имаме концепт на програма, со проекти јасно презентерани, што и во кој период ќе се реализира. Сето тоа може да се дебатира и мерливо да се види, што е тој проект што е ветен, за што граѓаните дале доверба, дали се реализирал, од кои причини не се реализирал и каков е бенефитот од самата реализација или од самата инвестиција, рече Канческа-Милевска.

Ги спомена и покрупните проекти кои министерството ги реализирало.

-Ние во тој проект сме вклучени во изградбата на стариот театар, на изградбата на Музејот на македонската борба, на концертната сала за Македонската филхармонија, на Архелошкиот музеј, во делот на ентериерот, спомен куќата на Тоше Проески, театарот во Велес, спомен куќата на Мајка Тереза. Зборувам како покрупни проекти, тие се тие проекти во кои што ние како Министерство за култура се јавуваме како инвеститори, додаде Канческа-Милевска.

Рече и дека транспарентноста во овие проекти е на највисоко ниво.

-Зборувам за проекти кои се под надлежност на Министерството за култура. Ние по секое завршување на меѓународниот конкурс сме имале изложба на сите трудови кои што биле пристигнати, претседателот на комисијата кажува кој добил прва, кој втора награда и врз основа на што ќе се продолжи во градбата. Сите документи во однос на објавен тендер, во однос на сума, сите документи се јавно достапни. Така да таа транспарентност во овие проекти е на највисоко ниво, изјави Канческа-Милевска.

Ова е втор обид за цензура, откако претходно видеото беше тргнато од веб страницата на Телевизија 24.

Под притисок на јавноста видеото сега е повторно вратено.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This