,,Патишта Србија‘‘ Го повлекува БЈРМ од фискалните – Дачиќ и порача на Македонија да ја напушти ООН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија го повлече натписот БЈРМ од сметките за патарина.. Од денеска, на српската патарина се издаваат фискални на кои ќе стои релацијата Левосој – Прешево.. По реакцијата на македонските власти од Јавното претпријатие Патишта Србија информираат дека системот кој досега го користеле бил во фаза на тестирање и референцата БЈРМ стоела на фискланите сметки во изминатиот еден месец од кога бил пуштен во употреба.

Image: 0055305753, License: Rights managed, Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Alamy

Сепак, реакцијата на Македонското МНР не помина без контра – реакција од српските власти.. Министерот за надворешни Ивица Дачиќ ја повика Македонија да ги напушти меѓународните организации доколку БЈРМ е навредлива референца.

– Ние баравме обостран коректен однос. Ако веќе протестираат поради сметката за патарина, што би требало ние да направиме за нивното признавање на Косово и гласањето во Унеско, вели Дачиж во изјава за Вечерње Новости.

Македонското МНР oд Србија побара да ги отстрани сите сообраќајни знаци на кои не се употребува името на Република Македонија. Употребата на кратенката според напишаното во реакцијата е во  спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија.

Употребата на БЈРМ, наместо Република Македоннија беше причина за реакција и во декември 2015 година кога на коридорот 10 беше поставен сообраќаен знак на кој беше испишана рефренцата БЈРМ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This