„ПATЛИЏАН ДИПЛОМАТИЈА“: Кандидатот за амбасадор во Катар незakoнски издaвaл визи, биографијата партиски иcчиcтeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шабан Јашари, според предлогот на Владата, наскоро ќе треба да се врати на „местото на злосторството“ – во амбасадата на Македонија во Доха, Катар, сега како амбасадор, а не како пред 10 години кога беше конзуларен работник и незаконски издаваше визи. Дисциплинската постапка против него и казната, за Министерството за надворешни работи, за Владата, а очигледно и за партиите не се никаква пречка за негово повторно предлагање за враќање во Доха, пишува МКД.мк

„Претседателот на државата нема да биде изненаден од кандидатите за амбасадори. Има целосен пресврт во нивното назначување, наместо политички кадри, сега се именуваат професионалци“, изјави вчера министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во случајот со Доха, повеќе од очигледно е дека претседателот ќе биде изненаден.

Се разбира дека во биографијата на Шабан Јашари нема ни збор за она што се случувало во Доха во 2009 година. Нема ни збор за постапките покренати и во МВР и во МНР. Тогаш, Јашари како вршител на должност на дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Доха, издавал визи не почитувајќи ја законската процедура за тоа. Во септември 2009 година Јашари бил одговорен за издавањето на визи на граѓани на Комори, Египет и Нигерија без согласност од Визнот центар во МНР. Дел од овие граѓани, под превезот на учесници на некаков меѓународен натпревар за гиманстика во Охрид, престојувале во Скопје, со намера илегално да влезат во Франција. По спроведената акција на МВР се покажало дека возраста на овие „гимнастичари“ воопшто не одговарала за учество на некаков гимнастички натпревар, ниту пак имале намера да се упатат во Охрид. Јашари во вакви случаи имал законска обврска да побара согласност од Визниот центар на Директоратот за конзуларни работи во МНР. Тоа не било сторено, по што на предлог на МВР во МНР се покренува дисциплинска постапка на која е потпишан тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

На 19 ноември 2009 година МНР дава предлог за покренување на дисциплинска постапка против државниот службеник Шабан Јашари, раководител на одделение за публикации во Сектор за јавна дипломатија и аналитика, советник во амбасадата на РМ во Доха, в.д. на дипломатско-конзуларното претставништво за „неизвршување или несовесно, непристојно ненавремено и небрежно вршење на службената должност, а во врска со член 73 од Законот за надворешни работи“. Со непрофесионалното однесување сторена е „потешка значителна повреда на службената должност од член 68 од Законот за државни службеници“.

Интересно е тоа што Шабан Јашари и во 2013/2014 година, преку ДУИ бил предложен за амбасадорско место во Доха. Тогаш од МНР, министер Никола Попоски, бил испратен официјален предлог до Владата кој бил усвоен, но по само еден месец МНР го повлекува предлогот, токму поради дисциплинската постапка.

Во професионалното досие на Јашари во МНР пишува дека два пати бил казнет: еднаш шест месеци со 30 отсто помала плата и еднаш со симнување за едно скалило подолу во хиерархијата во МНР.

Од Министерството за надворешни работи велат дека во оваа фаза немаат никаков коментар за овој случај.

Интересно е тоа што Министерството за надворешни работи на Македонија утврдило дека во касата на македонската амбасада во Катар во 2014 година снемало 50 илјади долари, за што беше поднесена и кривична пријава против тогашниот амбасадор Фуад Хасановиќ, исто така кадар на ДУИ. Враќањето на парите во касата на МНР сѐ уште е отворено прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This