April 26, 2024, 10:28 am

Патник морал да облече здолниште за да не го пропушти авионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден Американец, инаку новинар во магазинот „Форбс“, на лет со саудиска авиокомпанија морал бргу да се преоблече бидејќи бил непримерно стокмен пред да се качи во авионот за Ријад.

Имено, на аеродромот во Џакарта тој се појавил во куси панталони, но службениците му рекле дека нема да може да патува за Истанбул преку Ријад (главниот град на Саудиска Арабија), каде што требало да биде само во транзит, доколку не облече нешто со долги ногавици. На патникот му било образложено дека начинот на кој е облечен се смета за непристоен и неприфатлив во исламските земји.

Иако никој ништо не му забележал во Џакарта (главниот град на Индонезија), пред да се качи во авионот, службеник од саудиската авиокомпанија го вратил назад.

Бидејќи немал долги панталони, Американецот морал бргу да отиде во блиската продавница и да купи саронг, традиционална облека во јужна Азија, која се витка околу половината и изгледала како здолниште.
Извор:актуелно24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This