ПАТНИЦИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТААТ НА 7-МИ МАЈ ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ ОВА: Поради Папата ќе биде затвopeн и скопскиот аеродром и автопатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод посетата на Папата во Вторник, на неколку часа ќе биде затвopeн и скопскиот аеродром.

Со оглед на посетата на Папата Францис на Република Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје согласно информациите објавени на веб-страницатаhttps://papa.mk, ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затвopeн за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај. За сите детали во врска со peжимот на сообраќај од Аеродромот до Градот Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ и контактирајте ги релевантните државни институции, соопштуваат од скопскиот аеродром.

„Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, Ве молиме проверете на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en“ велат отаму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This