Патот на opyжjeто од Балканот до Блискиот Исток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ширум светот, поточно од Источна Европа и на Балканот, Пентагон купил оружје во вредност од 2,8 милијарди долари за „лошите момци“ од Блискиот Исток. Најголем дел од оружјето завршува во рацете на терористичките групи. Денешните терористички групи се обединети во големи размери, со добро развиена економија, нелегални економски канали, и непречено функционирање на каналите за снабдување, воена инфраструктура, добро опремени лаборатории и работилници и може да се пофалат со богати спонзори и држави кои што ги заштитуваат. Како резултат на помошта и поддршката која што ја добиваат терористите од своите сојузници и покровители, тие се способни да завладеат и да контролираат големи територии во разни држави и региони.

Во 80-тите години од минатиот век, муџахедините во Афганистан преку канали организирани од ЦИА и од Пентагон добиваа оружје и муниција за борбата против Советскиот Сојуз. Во 90-тите години од минатиот век, чеченските терористи на легален и нелегален пат добија оружје што им припаѓаше на советските трупи распоредени во Република Чеченија. Во подоцнежните години, тие се снабдуваа преку границата со Грузија, преку разни канали од Турција и од Блискиот Исток, сè додека Русите не успеаја да ја затворат границата. Косовските сепаратисти уживаа нескриена поддршка од Западот и добиваа непрекинато снабдување со оружје од Албанија. „Ослободителните движења“ на Сирија, кои се борат против официјален Дамаск, како и против руските сили кои што се во Сирија на покана на официјален Дамаск, акумулираат се повеќе и повеќе оружје. Како? Одговорот е евидентен.

На пример, „бунтовниците“ во Сирија и Ирак на прв поглед изгледаат прилично хетерогени. Меѓу нив има Курди кои што се сојузници на САД но непријатели на Турција, кои се борат за независност на Курдите, има и разни „демократски“ движења, но централната улога им припаѓа на терористичките групи, како што се ИСИЛ, терористичката група „Хајат Тахрир ал-Шам“, кои формално потекнуваат од „Џебхад ал-Нусра“ филијала на Ал Каеда во Сирија и Ирак. Оваа армија на радикални салафити е добар пример за тоа како исламските милитанти се снабдуваат со оружје.

На 22 јуни бугарската новинарка Дилјана Гаитанџиева која што подолго време се занимава со истражување на патиштата на оружјето од Балканот до Блискиот Исток, на сајтот ARMS WATCH1 објави истражувачка сторија со која се воспоставува директна врска помеѓу Пентагон и снабдување со оружје за „Хајат Тахрир ал-Шам“, која што се бори против Дамаск и која што САД ја смета за терористичка група. Како дел од својот маркетинг и пропаганда, „Хајат Тахрир ал-Шам“ објави голем број видеа што покажуваат како милитантите го користат американскиот противтенковски систем TOW. Сериските броеви на ракетите се јасно видливи на овие видеа. Сепак, според документите за набавки на армијата, овие ракети се испорачуваа на американските маринци од 2012 до 2019 година. Според информациите на американската државна веб-страница за одбрана, govtribe.com, во 2012 година „Компанијата Рејтеон“ и американскиот марински корпус потпишале Договор W31P4Q12C0265 вреден 783 милиони долари за набавка на TOW.

Договорот за испорака беше завршен во јуни 2019 година. Наскоро потоа, TOW системите станаа хит на пропагандните видеа на терористичката група, која што користеше стотици вакви ракети против владините сили во Идлиб. Интересно е дека за главата на Абу Мохамад ал-Џулијани, водачот на „Хајат Тахрир ал-Шам“ официјален Вашингтон дава награда од 10 милиони долари. Против тенковскиот систем TOW не е обичен пиштол или автомат, со кој што секој може да ракува. Обуката на операторот TOW трае долго и не е лесен процес. Дури и доколку претпоставиме дека некои примероци од системот биле украдени или заробени во борба, се поставува прашањето, кој ги обучувал оператори на TOW за „Хајат Тахрир ал-Шам“? Покрај тоа, снимањето на прилично скапи лансирања за пропагандни цели е доказ дека салафитските екстремисти немаат недостаток на такви ракети и дека нивните арсенали се полни. Терористичкие групи во Сирија и Ирак немаат недостаток на лесно и тешко преносливо пешадиско оружје, но тие исто така располагаат и со потешко вооружување и борбени возила и артилерија.

Во текот на изминатите 5 години, додека илјадници тони оружје и муниција летаа на југ, стотици илјади бегалци избегаа на север од конфликтите во Сирија и Ирак кои што однесоа повеќе од 400.000 животи. Иако Балканот и другите европски земји ја затворија трасата за бегалците, каналот за снабдување со оружје преку море и воздух до Блискиот исток продолжува да работи и создава огромни профити. Трговијата речиси сигурно е нелегална, според експертите за оружје и човекови права. „Достапните докази сугерираат дека оружјето рутински се пренесува на вооружени групи обвинети за сериозни повреди на човековите права. Ако е така, тогаш оваа трговија е во спротивност со Договорот за трговија со оружје на ООН и другите меѓународни институции и треба веднаш да се запре“, рече Патрик Вилкен, истражувач за контрола на оружје во Амнести Интернешнл, кој ги проучувал податоците собрани од новинарите. Меѓутоа, ако зборуваме за стотици милиони евра профити, а фабриките за вооружување работат во две смени, нема причина државите да престанат со таквиот валкан бизнис.

Снабдувањето со оружје на ирачките и сириските екстремисти се врши на прилично лесен начин. Српските, бугарските и романските фабрики за оружје произведуваат огромни количества вооружување и муниција за Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Авганистан и за помошните трупи на САД во Авганистан. Во 2017 година, бугарската индустрија за оружје постави апсолутен рекорд во извозот на оружје – 1,2 милијарди долари. Производството на оружје се зголемува и во Србија и Романија. Дилер на оружје од Бугарија Емелијан Гебрев купува оружје, муниција од складиштата за оружје низ Источна Европа. Како резултат на сите овие манипулации, оружјето на крајот се наоѓаа во рацете на исламските екстремисти ширум светот, што е најважно, на штета на САД и на Западот. Патем, источноевропските играчи соодветно, вклучително и српската «Zastava», романската „U.M. Cugir“ и „Carfil“, и „Arsenal“ контролиран од Гебрев во Бугарија не секогаш имаат дозвола да влезат на мрсниот пазар за оружје на Блискиот исток. Американците остануваат главниот играч, кој што го контролира целиот пазар и доставка на оружјето.

Само во 2020 година, 8 американски компании склучија договори за набавка на оружје и опрема по „не-американски стандарди“ во вкупна вредност од 350 милиони долари. Сите овие се договори се склучени директно со Пентагон. Сите овие компании – «TLG Worldwide», «Multinational Defense Services LLC», «Greystone CS3 LLC», «Global Ordnance LLC», «UDC USA, Inc.», «Culmen International», «Blane International Group, Inc.», «Sierra Four Industries Corp», официјално работат во САД, а информациите за зделките се достапни во системот за државни набавки на САД. Тука, треба да одговориме на две прашања, првото е – Како профитира Вашингтон од тоа?

Сè е едноставно тука. Стејт департментот и ЦИА не сакаат да учат од своите грешки и сепак веруваат дека контролираат радикални групи, чие оружје ќе пука главно кон руските војници и сириската војска предводена од Асад. Лавовскиот дел од нафтата произведена од групи контролирани од исламистите на крајот се продава преку ланец посредници, што им овозможува на Соединетите држави и на нивните сојузнички Саудијци целосно да ги надоместат своите добротворни цели за вооружување.

На прв поглед, второто прашање не е воопшто тешко. Зошто САД навистина дејствуваа како организатор на набавка на „советско“ оружје за потребите на терористичките групи? Противвоздушните топови ЗУ-23, митралезите ДКШ, автоматските пушки Калашников, рачни лансери за борба против тенкови на гранати РПГ-7, против тенковски системи, минофрлачи, произведени испорачани од Бугарија, се копии на советските модели. Тоа е оружјето на земјите од Варшавскиот пакт што е купено преку американските шеми во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Чешка. Шемата за набавка на советски модели на оружје е за да се сокријат патиштата на нивното снабдување, потеклото на тоа оружје и системи, како и кој го плаќа тоа оружје.

Истрагите за снабдување со оружје на терористите се појавуваат во европските и светски медиуми веќе неколку години по ред, но ништо не се менува. Како резултат на тоа, страдаат луѓето во Сирија и Ирак, страда Европа, каде што потокот на бегалци продолжува да тече, а САД продолжуваат да ги реализираат своите интереси на Блискиот исток.

Ставовите на авторот на статијата не секогаш кореспондираат со официјалната политика на сајтот.

Пишува: Дарко Тодоровски за Инфомакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This