Патрушев: Хрватска е еден од главните партнери на Русија во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватска е еден од „фундаменталните партнери на Русија во ЕУ“, изјави Дмитриј Патрушев по десеттата меѓувладина хрватско-руска комисија за економска, научна и техничка соработка. Дмитриј Патрушев е син на Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија и близок соработник на претседателот Владимир Путин.

Патрушев рече дека Русија и Хрватска најмногу соработувале во енергетиката, инфраструктурата, здравството и образованието и дека потенцијалот за соработка во земјоделството е голем.

Според податоците на Хрватската стопанска комора, трговската размена меѓу Хрватска и Руската Федерација се зголемила од 160 милиони долари во првата половина на 2020 година на 291 милион долари во првите шест месеци од 2021 година.

Патрушев додаде и дека разговарале за можна соработка во борбата против пандемијата и се согласиле државните институции да работат на взаемно признавање на сертификатите за вакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This