ПАЦИЕНТИТЕ НЕ СЕ БИТНИ КОЛКУ КОАЛИЦИЈАТА НА ЗАЕВ: Хаос во здравството, пациенти умираат – Заев тера коалициона политика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе два месеци Македонија нема министер за здравство. Премиерот Зоран Заев си тера политика и прави политички договори штетни за нашата земја, пациентите трпат, а смртните случаи се почести.

Десетици илјади граѓани кои секојдневно имаат потреба од здравствени услуги се соочуваат со хаосот кој Владата на Заев го предизвика во секторот здравство.

Заев и Ахмети си тераат политика, СДСМ преговара со ДУИ, а безредието во здравството очигледно е на дното на листата проблеми за решавање.

Во клиниките низ Македонија владее самоволие и партиски поставените директори прават што сакаат, на грбот на пациентите. Граѓаните разбирливо се во страв и паника дека во вакво здравство не можат да ја добијат услугата која им е потребна.

Ветувањата на Зоран Заев за подобро здравство се покажува дека биле чиста лага во обид да се дојде до гласови плус на изборите. За оваа Влада очигледно не е важно здравјето на граѓаните откако тие ќе им го дадат гласот.

Додека Заев размислува со кој албански коалиционен партнер да преговара за оваа функција,треба да знае дека најголемата одговорност е кај него. Министерството за здравство во моментов има заменик на министерот кој всушност не постои, па затоа и тој е втор на листата кој треба да понесе сериозна одговорност за состојбата на најважниот сектор во земјава.

 

 

Заменик на непостоечкиот министер во здравство е Гоце Чакаровски од СДСМ. Пред да седне на оваа фотелја, јавноста го знаеше само од партиските прес-конференции кои ги одржуваше. Иако со месеци е на оваа функција не го видовме ниту чувме јавно да се произнесе за сите смртни случаи кои ја потресоа македонската јавност и да превземе било каква одговорност за човечките жртви.

 

 

Трет по хиерархија во министерството, доколку имаше министер, е државниот секретар e поранешен претседател на ОО СДСМ Штип, Владимир Милошев. И тој ни е повеќе познат од партиските активности околку од вршењето на неговата функција.

Милошев беше активен во кампањите пред избори на СДСМ, но никаде го немаше по низата смртни случаи да превземе некаква одговорност.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This