ПАЃААТ ВО ВОДА МАНИПУЛАЦИИТЕ НА СДС ВО КАВАДАРЦИ: Инспекцискиот надзор на СДС не успеа да најде неправилности во работата на Митко Јанчев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паѓаат во вода сите лажни обвинувања и манипулации на хунтата на власт за наводниот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Од пет милијарди долари за кои обвинуваат веќе четири години, немаат докажано дека постои криминал ниту за пет евра. Дотолку повеќе што, институциите кои сега и самите ги раководат ги демантираат лагите кои ги кажуваа во изминатиот период, а со кои ја водеа и црната кампања за локалните избори

 

На почетокот на предизборната кампања за локалните избори, СДС излезе со прес конференција на која неаргументирано се обидоа да го извалкаат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци Митко Јанчев, плашејќи се од поразот кој ќе им го нанесе. Откако не успеаа со манипулациите, во хајката против Јанчев се вклучи и Олвер Спасовски кој даде наредба полицијата да му впери пиштол во глава. Повторно не успеаа.

Сега, институциите кои хунтата ги води ги демантира лагите на СДС и Бетиане Китев во Кавадарци, и тоа документирано.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] На 19 ти септември СДС излегоа со прес со обвинувања за Митко Јанчев и неговата сестра Јанинка Чупарковска. Излегоа со прес во кој тврдеа дека наместо субвенции на вистинските земјоделци, поранешната власт на ДПМНЕ субвенции во милионски суми и државно земјоделско земјиште на концесија им давала на кандидатот на Груевски, Митко Јанчев и неговата сестра Јанинка Чупаркова. Ги повикуваме институциите да го расветлат овој случај на потенцијален криминал и корупција.
Истиот ден ВМРО- ДПМНЕ излезе со демант и документ од извршена уплата. Но СДС не застанаа тука. Се случи КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА. На ден 27.09.2017 година во 17:30 часот е извршен вонреден инспекциски надзор во кој не се утврдени никакви неправилности.
Од оваа хајка што се обиде СДС да ја направи против Митко Јанчев единствена неправилност е тоа што Државните јавни институции се злоупотребуваат во изборна кампања. СДС користејќи ја позицијата на власт противзаконски ги злоупотребуваат своите надлежности ставајќи ги во функција на изборите. – напиша Митко Јанчев на својот ФБ профил.[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This