ПАЃА ВО ВОДА ПРОПАГАНДАТА НА СОРОСОИДИТЕ: Зошто не сум националист кога поддржувам градби на патишта, водовод и канализациски мрежи во места населени со Албанци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Република вели дека не е точно дека има различен аршин при инвестирањето од средствата од буџетот.

gruevski_sipkovica

– Секаде се инвестира и се внимава да е етнички урамнотежено. Зошто не сум националист кога на влада предлагам или поддржувам градби на патишта, водовод и канализациски мрежи, пречистителни станици во места населени со Албанци, или зошто не сум националист кога Албанците во Македонија, како и другите првпат видоа поддршка преку субвенции, видно зголемување на пензиите и на социјалната помош, донесување фабрики што отвораат нови работни места, како „Леар“ во Тетово, или многуте во Скопје, како „ОДВ електрик“ и „Костал“ во струшко-охридскиот регион, или „Ки сејфти системс“ во Кичево, и кои отвораат многу работни места и перспектива за сите, вклучувајќи ги и Албанците. Се сеќава ли некој некогаш СДСМ, било за Албанците, било за Македонците, да привлекол и отворил новоизградена фабрика во која ќе се вработат илјада, две или три илјади луѓе? Не се сеќавате затоа што нема такво нешто. Или СДСМ да дал субвенции на земјоделците, или повисоки пензии на пензионерите. Епа, зошто го прават тоа „националистите“, а не и СДСМ? И да видиме кој е сега националист, кога ќе ги погледнеме сите овие факти и аргументи, вели Груевски во интервјуто за Република.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This