ПА НЕЛИ ЗАЕВ ЌЕ СЕ ЗАЛАГАШЕ ПОВЕЌЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ: Кулминира револтот од актуелните албански градоначалници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе доаѓа до израз незадоволството на Албанците од актуелните албански градоначалници кои раководат со општини во Македонија. Добар дел од македонските општини, долги години наназад, се раководени од градоначалници Албанци. Но, како што стојат работите тие не успеаја да ги решат елементарните инфраструктурни проблеми кои живот значат за локалното население.

 

Арменд Нухиу, професионален преведувач од Тетово, преку фејбук статус, ги напаѓа сите албански градоначалници кои раководат со опшини во Македонија, за многуте инфраструктурни проблеми. Според него, ова ситуација се должи на: “неспособноста во управувањето или големото крадење“. Во овој правец, тој го исклучува само Гостивар, пренесува FLAKA.

Неговиот статус на Фејбук:

Тетово, Чаир, Струга, Липково…..

Зошто секоја општина во Македонија (со исклучок на Гостивар) која е раководена од Албанци има основни проблеми со снабдувањето со вода, со депониите, со сообраќајот, со инфраструктурата, со атмосферските канализации?

Дали ние како нација сме неспособни да раководиме, крадат ли многу избраните функционери, или недостигаат материјални средства од владата, не можам да разберам?

 

Општина Гостивар злоупотреби два милиони денари за обележување на патиштата со пластична боја која веќе не постои

 

 

Операторот кој го потпишал договор е должен да обезбеди акрилна боја со висок квалитет, да има висока еластичност и отпорност на атмосферските услови и временски рок за квалитет во времетраење од една година. Додека пак, животниот век на пластичната боја е во времетраење од пет години.

-Покрај патните површини, требаше да се направи и обележување на автомобилските паркинзи, паркинзите за лица со посебни потреби и друго. Требаше да се направи и обележувањето на шест автобуски станици, 40 паркинг места за такси возила, обележување на 12 велосипедски патеки, како и обележување на шест локации кои означуваат опасност за децата во сообраќајот. Од ова што го споменавме погоре ништо НЕ ПОСТОИ ПОВЕЌЕ, пишува FOL.

-Граѓаните гледаат дека не постои веќе таа пластична боја??? Што се случи со тендерот? Оваа акција општина Гостивар ја кошташе над два милиони денари!!!! Кој ќе полага сметка за ова???

Денес гледаме дека општината рекламира обележување на патиштата со обична боја!!

До кога ќе се злоупотребува буџетот на општината од Невзат Бејта и неговиот клан, пишува FOL.

 

Положани: Во Струга се случува злосторство, мојот 7 годишен внук вечерта ја помина во болница

Стружанецот Шпетим Положани, еден од најистакнатите албански личности во македонската јавност, овој пат остро ги напаѓа граѓаните на Струга поради нивното нереагирање за депонијата која во градот предизвикува големо загадување.

 

-Во Струга се случува злосторство. Мојот седумгодишен внук, кој куќата ја има на 200 метри оддалеченост од центарот на отпадот во Струга, оваа вечер ќе ја помине во болница како и во други случаеви кога дува северниот ветер, кој што десетици тони отрови ги носи над Струга. Сите се сведоци на овој криминал, додека пак криминалецот што на Струга и ја донесе оваа канцерогена бомба е награден со позиција на министер. Ајде мои стружани ајде, се уште не ви дојде паметот, вели огорчениот Шпетим Положани.

Во општината Чаир каде градоначалник е Изет Меџити од редовите на ДУИ по обилните врнежи поради недостаток на инфраструктура се случи несреќен случај каде беше повредено едно дете. Дождовите во општината Чаир токму поради недостатокот на инфраструктура и негрижа на општината редовно им создаваат проблеми на тамошното население.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This