П(В)ЕТИНГОТ НА СТЕВО: Пендаровски агент на анти-албанизмот не може да биде консензуален претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечниот претседателски кандидат Стево Пендаровски, изминатата недела во интервју за 360° изјави дека во безбедносните институции постоеле групи кои не сакале Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ. Сосема паушално и без ниту еден поткрепен доказ позади кажаното, Пендаровски обвини дека таквите структури потпомогнати од “приватниот сектор и од регионот” меѓудругото активно работеле да не успее референдумот на кој се бараше од граѓаните да се согласат за промена на името на Македонија.

Твитер заедницата жестоко го нападна Пендаровски после оваа изјава со што практично му ја извади на виделина сета негова огромна лична амбиција за свое влијание во македонските безбедносни служби.

https://twitter.com/aps_aana/status/1089227045706612736

Најпрвин беше потсетен дека неговиот брат Војче Пендаровски го има лично Стево вработено во Агенцијата за Разузнавање на Република Македонија иако истиот имал психички проблеми за да извршува нормални работни задачи. За време на кампањата на минатите претседателски избори токму кога Стево беше кандидат на СДСМ, Војче беше фатен жив како кpaде таблет од една скопска продавница за компјутерска опрема. Неофицијално дознаваме дека на работното место на повеќе пати имал инциденти како агpeсивни физички испади врз колешки кои од страв бегале од просториите како и зakaни дека наскоро на сите вработени “им доаѓа крајот”.

Понатаму, твитер заедницата го “потсетува” Пендаровски кои се омилените негови кадри во безбедносните институции чии брачни другари го канат токму Пендаровски на свои промоции на проекти, нови книги, конференции и семинари. За дел од овие лица веќе е пишувано на нашиот портал.

Интересен е фактот на кој потсетуваат твитерџиите преку стари интервјуа и портрети на Пендаровски во Фокус, дека всушност е селектиран и регрутиран за работа во МВР од Гроздан Цветковски и Павле Трајанов кои практично му ја покажале и можноста преку МВР и службите како може да направи и политичка кариера. Подоцна едниот станува колумнист на Фокус другиот претседател на Демократски Сојуз.

Но и двајцата преку “свои кадри” како Пендаровски успеваат во полицијата и службите да си ги вработат сите блиски и далечни членови на своите семејства. Пендаровски користејќи ја новата функција како координатор на НАТО врши притисок за избор на офицери на врска на Агенцијата во странство, односно децата на Гроздан и роднините на Павле кои не го поминале ветингот во Агенцијата.

Иако во медиумите прикажува дека ужива широка поддршка, интересно е дека според анализите на Твитер, неговото име никогаш не се најде на листата на ДУИ за прифатливи кандидати за консензуален претседател. Тоа се должело на два аспекти. Прво, за време на koнфликтот во 2001, како полициски портпарол, Пендаровски има прилично остри изјави против ОНА и Ахмети во домашни но и угледни странски медиуми каде ги нарекува теpopисти Ахмети и другарите но и дека целата логистика за нивните дејствија доаѓа од Косово. Второ, ДУИ не го посакува за консензуален поради големата блискост на Пендаровски со заменикот директор на Агенцијата за Разузнавање Ерол Муслиу за кого Муслиу е еден од главните креатори на досиејата за Али Ахмети, Муса Џафери и Фазли Велиу попознати како Вујко, Мама, Ибар во 2011 година и затоа уште во 2011 реагирале јавно како партија дека Муслиу по ниту еден основ не може да ја води Агенцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This