Педесет и две години од cмpттa на Мито Хаџивасилев-Јасмин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден во 1968 година, пред 52 лета, во 46 година од животот, во местото Брела, Хрватска, ненадејно починал Мито Хаџивасилев-Јамин, револуционер, публицист и политичар од Кавадарци. За ова денеска потсети историчарот Петре Камчевски.

Роден бил во Кавадарци во 1922 година, каде завршил нижа гимназија, а гимназија во Битола. Во 1937 година станал член на СКОЈ, а во 1940 член на КПЈ. Се запишал на Правниот факултет, но отпочнувањето на војната го спречила да го продолжи образованието.

Јасмин бил еден од најактивните организатори на НО движење во Тиквешијата. Учествувал во формирањето на првиот партизански одред во Тиквешијата во 1941 година и ја читал партизанската заклетва, а истата година станал и член на МК на КПЈ за Кавадарци, а бил и секретар на МК на СКОЈ во Кавадарци. Во 1942 година ги уредувал весниците „Воено комунике“ и „Политички листок“. Учествува во формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и баталјонот „Страшо Пинџур“, а во декември 1943 година бил заменик политички комесар на Втората македонска ударна бригада, раскажа Камчевски, како хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

По војната ги уредувал весниците „Социјалистичка зора“ и „Партиски живот“. Во 1952 година бил избран за пратеник во Собранието на СФРЈ, а бил и главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“.

Во мај 1967 година Јасмин бил избран за претседател на Собранието, а на таа функција го затекнала и смртта на 1 август 1968 година.

Напишал и објавил голем број на трудови меѓу кои „Одраз израз“, „Противречностите на социјализмот“, „Свртени кон човекот“, „Социјалистичка распределба спрема трудот“, „Голема историска пресвртница“ и многу други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This