ПЕКОЛЕН ПЛАН НА САД: Заев е марионета во обидот да се сруши православната осовина и да се спречи сојуз на православни братски народи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите сознанија на српските разузнавачки служби покажуваат дека позадината на немирите и благо кажано државниот удар во Маекдонија е војна за енергетска превласт на Балканот. Имено, Вашингтон по секоја цена сака да го спречи влегувањето на „Турски тек“ во Македонија и понатаму кон Србија, со цел да се спречи сојуз на православните и братски народи. По тој повод во Скопје во наредниот период Заев ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг – пренесуваат српските медиуми

Заев порачува дека постојат можности Македонија набрзо да стане полноправна членка на НАТО и покрај спорот што го имаме со Грција.

– Можеме под привремената референца да влеземе во НАТО, а да предложиме преговори со Грција поради проблемите кои Грција ги има со нашето уставно име, за интеграција во ЕУ. Тие знаат дека за нас постои подеднаква аспирација кон ЕУ – изјави Заев во интервјуто на МТВ.

Соговорникот за „Информер.рс“ од безбебедносните агенции на СРбија вели дека сите сознанија на српските разузнавачки служби покажуваат дека позадината на немирите и благо кажано државниот удар во Македонија е војна за енергетска превласт на Балканот.

– САД но и Британија и уште некои земји на ЕУ со сите сили настојуваат да спречат формриање на осовината Атина – Скопје – Белград – Моска, со што би се спречило Русија дефинитивно да се инсталира на овие простори. Затоа за нив од клучен интерес е да го спречат преминот на „Турски тек“ низ Македонија и Србија и понатаму кон Унгарија и Австрија. Македонија е најнестабилната точка на патот на „Турскиот тек“ – вели изворот на Информер.рс.

Мосвка одамна го разобличила планот на САД, а тоа во неколку наврати го соопштил и самиот Сергеј Лавров. Тој изјавил дека настаните во Македонија грубо се управувани однадвор. Проблемот е, објаснува разузнавачот, што Груевски и Иванов видоа шанса за Македонија кога Путин го најави Турскиот тек.

-Груевски во тоа виде прилика за гасификација на Македонија, како и за солидна заработка од трансферот на гас преку терористите во Македонија. Но за жал, САД во тоа гледаат голема закана и во планот на Москва да го превземе Балканот – вели соговорникот за Информер.рс.

Тој тврди дека нападот во Куманово пред две години е смислен за дестабилзација на Македонија.

Тоа тогаш не усеа, па Вашингтон одлучи да употреби испробан рецепт. Изведувачите на валканите работи го пронајдоа во лидерот на опозицијата, а сега и премиер на Македонија Зоран Заев. Заев неколкупати јасно порача дека не го интересира „ТУрски тек“, го критикуваше Груевски и претходната влада што се согласила на овој проект.

Лавров исто така нагласи дека позади случувањата во Македонија „стои желбата да се влијае (на Груевски) поради одбивањето да се приклучи на санкциите против Русија“, како и поради тоа што „своевремено го поддржа Јужен тек, а сега Турски Тек“.

Трасата ги поврзува првославните земји со Турција. Турски тек оди под Црното море до Турција, Грција, Македонија, Србија и понатаму кон ЕУ. Грција иако член на ЕУ и НАТО, се наоѓа во тешка финансиска ситуација и длгови за кои ги обвинува ММФ и европските кредитори. Освен тоа, новата грчка влада на Алексис Ципрас одамна се залага за курс кон приближвање до Русија.

44 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This