ПЕКОЛНИОТ ПЛАН НА СДСМ: Ако Иванов не ги потпише уставните измени следува импичмент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ се погласни со засега индиректните закани упатени на адреса на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дека ако не ги потпише уставните измени ќе следи барање за негово отповикување, пренесува Магазин.

Ако претседателот на Македонија Ѓорге Иванов не го потпише указот за ратификација на договорот од Преспа, тогаш се најверојатно е дека ќе бидеме приморани да иницираме постапка за негово отповикување односно утврдување на одговорност и нормално, со тоа и негово предвремено политичко пензионирање.

Ова како изјава е пласирано од висок партиски функционер на СДСМ, но и пратеник во Собранието на Република Македонија на прашањето: Што ако Иванов не го потпише указот за ратификација на договорот од Преспа?

Ние немаме време за губење, а Македонија и нашите граѓани не смеат да бидат блокирани на патот кон ЕУ и НАТО. Ова е историска шанса. Тоа го покажаа 80 пратеници во највисокиот законодавен дом, Собранието на Република Македонија. – смета високиот функционер од СДСМ.

Изјавата ја пренесуваат провладини медиуми а под функцијата се крие или Михамед Зеќири како потпретседател на СДСМ или Александар Кирацоски како Генерален Секретар на партијата.

Ако е потребно повторно да се инаетиме, тогаш не губи никој од владејачкото мнозинство, туку губиме скапоцено време како народ и држава. Веруваме дека претседателот ќе покаже одговорност за тоа каква шанса ни е понудена, но и за тоа дека сега е времето кога мора да се носат храбри одлуки. Да, не е лесно, но не постои полесен пат. – вели изворот и притоа додава: Во спротивно, ќе мораме да се соочиме со нова пречка, која е реално надминлива, но поради која само би можеле да се зголемат, а не намалат тензиите и поделбите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This