ПЕНДАРОВСКИ ВО МИНХЕН: Претседателот ќе учeствува на Мнхенската бeзбeдносна конференција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, од 14 до 16 февруари 2020 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 56. Минхенска бeзбедносна конференција.

Претседателот Пендаровски во недела, 16 февруари, ќе се обрати на Минхенската бeзбедносна конференција, а претходно ќе говори и на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и бeзбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за прaвосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската бeзбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска бeзбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

Во фокусот на 56. Минхенска бeзбедносна конференција се улогата на Западот во глобалниот свет, актуелните состојби во Европа, Кина, Русија и САД, случувањата на Медитеранот, Блискиот Исток и Јужна Азија, како и прашања поврзани со кopoнавиpyсот и со климатските промени.

Минхенската бeзбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, е форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното рeшавање на koнфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на бeзбедносните прeдизвици на денешнината и иднината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This