ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША УКАЗОТ ЗА НАТО: Чекавме 30 години,ама се исплатеше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска во присуство на студенти од Правниот факултет го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

– На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа, рече Пендаровски, посакувајќи во иднина да потпишуваме вакви документи и за членството во Европската унија.
Симболично пенкалото со кое го потпиша указот и го даде на една од студентитките во чие присуство беше потпишан документот. Законот за ратификација на Североатланскиот договор беше изгласан вчера на свечена седница во Собранието и тој е со одложено дејство, односно ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април. По свечената седница, знамето на НАТО беше закачено на јарбол пред законодавниот дом. Земјава ќе стане 30-та членка на НАТО.

Аспирациите за зачленување на земјава во НАТО почнаа во 1993 година кога тогашниот собраниски состав ја донесе одлуката за стапување во членство во НАТО по што низ годините следуваат уште четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО. Во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, земјата доби условна покана за членство. Откако земјава го реши спорот за името и беше ратификуван Договорот од Преспа кај нас и во Грција, ја доби поканата за НАТО на Самитот на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, а следната година на 6 февруари амбасадорите на земјите-членки на НАТО исто така во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки и сега се чека само на Шпанија, што според најавите од Мадрид, треба да се случи во почетокот на март, по што С Македонија и формално ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This